Црна Гора ги заостри мерките за влез во земјата

1 min read

Од денеска се заострени условите за влез во Црна Гора за странските државјани поради епидемиската состојба, а во секој случај задолжително е ПЦР тест не постар од 72 часа или брз антиген тест не постар од 48 часа, јави Вијести.ме.

Црногорските државјани и странците можат да влезат во земјата преку сите гранични премини со еден од двата докази од ковид потврдите – дека лицето е целосно вакцинирано и дека не поминале повеќе од шест месеци од втората доза.

Влезот е возможен со доказ дека лицето го прележало вирусот, дека поминале не помалку од 10 дена и не поминале повеќе од 180 дена од позитивниот ПЦР тест или брз антигенски тест.

Во двата случаи, лицето мора да има или негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа или брз антиген кој не е постар од 48 часа. Тоа значи дека повеќе не може да се влезе во Црна Гора само со негативен тест – соопшти Министерството за здравство.

Влезот во земјата без овие докази е можен, но со утврдување на самоизолација од 10 дена, која може да се прекине најрано по три дена по негативен ПЦР тест.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Денеска е првиот недела-неработен ден во државата

Следно

ВИДЕО | Направете божиќен венец од леб – симболизира заштита и радост

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian