Британската влада прави вонредни планови за функционирањето на болниците и училиштата поради омикрон

1 min read

Владата на Велика Британија прави планови за вонредна состојба во случај болниците, училиштата и другите институции да бидат погодени од сериозен недостиг на персонал во услови на рекорден раст на новозаболени со коронавирус во земјата.

Јавниот сектор се подготвува за отсуство на персонал во опсег од 10 до 25 проценти, бидејќи се повеќе луѓе се разболуваат од Ковид-19 или се принудени да одат во изолација, објави британската влада.

Лондон Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Високо преносливата варијанта на омикрон предизвика секојдневно зголемување на бројот на случаи во Британија за време на Божиќ и Нова Година, со нов дневен максимум од 189.000 регистрирани на 31 декември.

Приближно еден од 25 луѓе во Англија, или околу два милиони луѓе, имаа ковид-19 во текот на неделата пред Божиќ, соопшти Канцеларијата за национална статистика.
Само во Лондон, според истиот извор, бројот беше еден заболен од 15 жители на британската престолнина.

Владиниот министер Стивен Баркли изјави дека веќе има значителни отсуства и дека Владата се подготвува за сите можни сценарија .

Велика Британија. EPA-EFE/ANDY RAIN

Властите во Шкотска, Велс и Северна Ирска воведоа ограничувања за масовни собири поради омикрон.

Министерот за здравство Саџид Џавид, сепак, рече дека новите ограничувања се последното средство за Англија, и покрај растечката стапка на новозаболени

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Објавен трејлер за последната сезона од серијата „Peaky Blinders“ (ВИДЕО)

Следно

ФОТО | Мистеријата околу смртта на Силвана Арменулиќ: Да не беше таа, немаше да го има ниту Тома Здравковиќ

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Успехот во економијата на оваа криминална власт предводена од СДСМ и ДУИ е четвртото место за Македонија на ранг листа за мерење во Европа со 16% инфлација

Катастрофата во справувањето со економската криза на неспособната власт на СДСМ ја плаќаат граѓаните. За месец

MacedonianEnglishAlbanian