Би-би-си: Киро Глигоров – нема споменик за човекот кој без испукан куршум донесе независност

1 min read

Би-Би-Си на српски јазик посвети текст во чест на годишнина од смртта на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.

Во текстот се критикува дека „во градот на спомениците за него нема место“ и се додава дека- тој бил првиот претседател на независна Македонија, кој без војна ја извади својата земја од југословенската федерација на почетокот на 90-тите години на 20-ти век, се анализира во текстот

„Во македонскиот главен град денеска еден од булеварите го носи неговото име, како и неодамна отвореното модерно училиште, се вели во анализата и се додава:

„Неговата статуа е дел од споменикот на АСНОМ (Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија), политичкото тело на македонските партизани на крајот на Втората светска војна, во кој Глигоров ја имаше една од првите функции.

Но, за Глигоров нема посебен споменик, иако во градот во последната деценија се поставени голем број знаменитости, се вели во анализата на Би-Би-Си на српски јазик

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Неодамна се појавија гласини дека е родена како маж: Како изгледала Брижит Макрон кога била млада

Следно

ВИДЕО: Барса игра „топло-ладно“, но и без 16 играчи славеше против Мајорка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian