Во Косово од утре е дозволен влез само со сертификат за две примени дози вакцина за сите лица постари од 12 година. Оваа мерка стапува на сила од 3 јануари.
Министерството за здравство на Косово соопшти дека во последните 24 часа биле тестирани 3.344 примероци за коронавирус, од кои 29 биле позитивни.
Во истиот период нема смртни случаи. Дванаесет пациенти се излекувани, а вкупниот број на излекувани од почетокот на пандемијата е 158.060.
Во моментов, 509 лица се регистрирани како заразени со корона вирусот .