Бајден му вети на Зеленски одлучен американски одговор на руската инвазија на Украина

2 mins read

Американскиот претседател Џозеф Бајден во денешниот телефонски разговор со својот украински колега Володимир Зеленски вети дека САД и нивните сојузници ќе одговорат одлучно во случај Русија „ја продолжи инвазијата врз Украина“, соопшти Белата куќа.

Бајден ја потврди посветеноста на Вашингтон на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, се вели во соопштението на Белата куќа.

Мапа на Украина и Русија/ Фото Profimedia

Тој изрази поддршка за мерките за градење доверба за намалување на тензиите во Донбас.

Бајден ја поддржа и активната дипломатија, што ќе доведе до напредок во спроведувањето на Договорот од Минск.

Двајцата лидери изразија поддршка за дипломатските напори кои ќе започнат следната недела со билатерален дијалог за стратешка стабилност меѓу Русија и НАТО и Русија и ОБСЕ, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Белата куќа.

Фото: EPA-EFE/PETER KLAUNZER

Претходно Бајден завчера рече дека во телефонски разговор го информирал рускиот претседател Владимир Путин дека „не може да интервенира во Украина“.

Путин и Бајден разговарале по телефон 50 минути во четвртокот навечер.

„Го информирав претседателот Путин дека ако направи некаков потег, ако руските војници влезат во Украина, ќе се соочи со строги санкции. Ќе го зголемиме нашето присуство во Европа, заедно со сојузниците од НАТО и ќе плати висока цена за таквиот потегим рече Бајден на новинарите

Бајден рече дека Путин договорил „три големи конференции“ следниот месец, на кои ќе присуствуваат високи претставници од двете страни, кои ќе се обидат да најдат решение, додавајќи дека очекува напредок од тие разговори.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Докторот од „Тома“ ги расплака сите! Сопругата на Тома Здравковиќ ја откри вистината за лекарот

Следно

ВИДЕО: Дали Ѓоковиќ случајно потврди дека ќе игра на „Австралија опен“?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian