Женско е првото новороденче во 2022 во Кочани

1 min read

Првото новороденче во новата 2022 година во Кочани е женско.

Бебето се роди денеска, на десетина минути пред 15 часот на Акушерското одделение во Општата болница со проширена дејност. Тоа е втора рожба и радост за мајката Ивана Тасова од Кочани и нејзиното семејство.

-За разлика од претходните, оваа година имаме новороденче уште на првиот новогодишен ден, што ни причини особена радост и нам, вработените во болницата. Се работи за здраво женско дете, со тежина од 3,4 килограми и должина од 50 сантиметри. Пораѓањето, што помина без никакви проблеми, го изврши гинекологот Илчо Атанасовски, со помош на акушерките Милка Димитрова и Катерина Ефремова. На мајката и на нејзиното семејство им честитаме за приновата, а на бебето му посакуваме среќа и успех во животот, истакна Александар Серафимов, директор на Општа болница – Кочани.

Во текот на минатата година во кочанската болница имало над 150 породувања со што продолжува позитивниот тренд, во споредба со претходниот неколкугодишен период на стагнација.

Од раководството на Општа болница ја нагласија досегашната поддршка од Локалната самоуправа на Кочани, како и од Министерството за здравство, за подобрување на техничко-кадровските капацитети, со надеж дека таа ќе продолжи и во иднина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Франција од денеска нема пластична амбалажа за овошје и зеленчук

Следно

Димитриевски е негативен на корона, ќе брани на дербито против Атлетико

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian