ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: стабилно и релативно топло време

1 min read

И утре и во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време со појава на утринска магла по одделни котлини, информираат од УХМР.

Минималните температури ќе се движат од минус 3 до 5 степени, додека максималните ќе бидат во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала, а попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во интервал до 13 степени.

До крајот на денот не очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Попладне се очекува зголемување на облачноста, особено во североисточните делови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне на места вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималните температури ќе бидат во интервал од 10 до 19 степени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Израел: Се појави „флурона“ – истовремена зараза со грип и коронавирус

Следно

Пролет во Хрватска: Температури над 20 степени се невидени досега!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian