Дочекот на Новата 2022 година во Белград беше организиран пред Народното собрание и на шеталиштето Сава.
Горан Бреговиќ со членовите на поранешната група Бело дугма имаше концерт во Белград на вода, а програмата беше „зачинета“ со досега невиден огномет на овие простори.
Воодушевувањето од огнометот не го криеја ниту во Хрватска. За дочекот во Србија извести и Вечерњи со текст со наслов „Офномет подобар од Дубаи, најдобар досега“.
Големиот огномет беше организиран со ласерска проекција, а беше проследен и со музика специјално составена за овој настан.
Спектаклот на небото на Белград траеше цели осум минути. Одбројувањето до Новата година се одржа кај Белградската кула.