Трагедија во Холандија: 12-годишно дете загина при огномет

1 min read

Момче на 12-годишна возраст загина, а уште едно дете е повредено во инцидент со огномет во Холандија, соопшти полицијата.

До несреќата дошло во Хаксберген, мал град на истокот од земјата, во близина на границата со Германија, додека децата набљудувале маж како испукува огномет со помош на уреди изработени во домашни услови, објави Гардијан.

Полицијата веднаш по инцидентот уапсила еден човек под сомнение дека го предизвикал трагичниот настан.

Во Холандија пред пандемијата од коронавирус Новата година традиционално се славеше со многу огномети, но таа пракса веќе втора година по ред е забранета. Но и покрај забраната, петардите често се слушаа низ земјата пред Новата година.

Немирна новогодишна ноќ во Берлин, 12 повредени од петарди, еден загинат во Хенеф

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кралицата Елизабета Втора ѝ оддаде посебно признание на Камила: Војвотката од Корнвол со титула Кралска Дама од Редот на Жартиерата

Следно

Ако УНЕСКО не може, кој ќе го спаси Охрид од самоволието

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian