Среќна нова 2022 година!

1 min read

Животот не е маратон, нема ништо да постигнеме ако постојано брзаме некаде. Само ќе се измориме. 

За некои луѓе, успехот доаѓа за неколку дена, за други за неколку години. Сите имаме различна патека, сите сме среќни или несреќни од различни причини. Нашиот пат е само наш и никој не знае целосно низ што минуваме.

Бидете благодарни за тоа што го имате, покажете благодарност за тоа што го добивате со своите чесни мисли и раце секој ден, но не се срамете од себеси што сакате повеќе. Работете напорно за тоа, а наградата ќе дојде еден ден. Во најубаво пакување, со најубава машничка. Не ја губете надежта за тоа. 

Во новата година бидете насмеани, весели и расположени. Сакајте од срце и дарувајте љубов. Бидете опкружени со луѓе кои сакате и ви значат. Одржувајте го здравјето и надградувајте ја среќата. 

Скопје Инфо посакува Среќна нова 2022 година. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

„Слободен печат“ Ви ја честита Новата 2022 година

Следно

Виц на денот: Олимпијада

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian