Што не очекува од спортот во 2022: Традиционално ракометарите први на терените, дали „рисовите“ ќе ја завршат годината со мундијалски настап

5 mins read

Сега веќе изминатата 2021 година беше најуспешна во историјата на македонскиот спорт. Таеквондистот Дејан Георгиевски освои олимписко сребро и го оствари најголемиот успех од осамостојувањето на државата, а фудбалската репрезентација на Македонија дебитираше на Европско првенство.

И новата 2022 година ќе изобилува со спортски настани, а централен ќе биде првото зимско фудбалско светско првенство.

Традиционално, јануари и ракометот се идеален пар, секоја година се одржува Светско или Европско првенство на кое Македонија е редовен учесник. Овој пај тоа е континенталниот собир кој ќе се игра во Унгарија и Словачка на кој репрезентацијата врти нов лист, најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров ќе има двојна улога, ќе биде и капитен и селектор. Во јануари ќе има уште два големи спортски настани, Африканскиот куп на нации и Австралија Опен.
Африкански куп на нации (9 јануари – 6 февруари)
– ЕП во ракомет (13-30 јануари)
– Австралија Опен (17-30 јануари).

Еден од најголемите спортски настани покрај Мундијалот во Катар ќе бидат и Зимските олимписки игри во Пекинг.
– Светско клупско првенство во фудбал (3-12 февруари)
– Зимски олимписки игри во Пекинг (4-20 февруари)

Март ќе биде најважниот месец за македонскиот спорт бидејќи фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра бараж за пласман на СП во Катар. Ждрепката не ми беше наклонета, избраниците на селекторот Благоја Милевски во полуфиналето од баражот на 24 март ќе играат против актуелниот европски шампион Италија. Победникот од овој дуел, во финалето на 29 март ќе игра со подобриот од мечот Португалија – Турција.
Зимски параолимписки игри во Пекинг (4-13 март)
– Светско првенство во атлетика во сала (18-20 март)
– Старт на сезонава во Формула 1 (20 март)
– Бараж натпревари за пласман на СП во Катар (24 и 29 март).

Во мај ќе биде завршницата на домашните фудбалски првенства во Европа, кој крајот на месецот во Санкт Петербург ќе се игра и финалето во Лигата на шампионите, што несомнено е настан број еден за овој месец.
– Светско првенство во водени спортови (13-29 мај)
– Светско првенство во хокеј на мраз во Финска (13-29 мај)
– Финале во Лигата на шампионите во Санкт Петербург (28 мај)
– Ролан Гарос (28 мај – 11 јуни)

Во јуни ќе започне новото издание на Лигата на нации на кое ќе учествуваа и Македонија која за десет дена ќе одигра четири натпревари. Главен настан во јуни е стартот на најпрестижниот тениски турнир, Вимблдон.
– Лига на нации: Бугарија – Македонија (2 јуни)
– Лига на нации: Гибралтар – Македонија (5 јуни)
– Лига на нации: Македонија – Грузија (9 јуни)
– Лига на нации: Македонија – Гибралтар (12 јуни)
– Вимблдон (27 јуни – 10 јули)

Во јули освен завршницата на Вимблдон, очите на спортската јавност ќе бидат насочени кон традиционалната велосипедска трка Тур де  Франс и Светското првенство во атлетика.
– Тур де Франс (1 – 24 јули)
– Светско првенство во атлетика, Јуџин (15-24 јули)

Во август ќе се одржи и Европското првенство во атлетика, а исто така ќе започне и последниот годинешен гран слем турнир, УС Опен.
– Европско првенство во атлетика (15-21 август)
– УС Опен (29 август – 11 септември)

Септември ќе помине во знакот на кошарката бидејќи ќе се игра Европското првенство и тоа за прв пат во четири земји (Чешка, Грузија, Германија и Италија). За жал, Македонија нема да настапи на ова ЕП. Во септември ќе биде и завршницата во Лигата на нации.
– Европско првенство во кошарка (1-18 септември)
– Лига на нации: Грузија – Македонија (23 септември)
– Лига на нации: Македонија – Бугарија (26 септември)

На почетоток од есента, во октомви ќе доминираат клупските натпреварувања, но затоа во ноември, женската ракометна репрезентација на Македонија ќе се врати на Европските првенства. Македонија заедно со Словенија и Црна Гора се коорганизатори и избраничките на селекторот Љубомир Савевски имаат обезбедени учество на континенталниот собир.

Во ноември ќе започне и најголемиот спортски настан годинава, Светското првенство во фудбал на кое ќе учествуваат 32 репрезентации и постои шанса една од нив да биде Македонија доколку ги помине мартовските бараж натпревари.
Европско првенство во ракомет (4-20 ноември)
– Светско првенство во фудбал во Катар (21 ноември – 18 декември).
Во декември ќе се дознае новиот светски шампион.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Прво бебе родено во 2022 во Тетово е женско

Следно

Кралицата Елизабета Втора ѝ оддаде посебно признание на Камила: Војвотката од Корнвол со титула Кралска Дама од Редот на Жартиерата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian