Рецензија: „Don’t look up“ е огледало што ја зголемува, но не ја искривува реалната слика за човештвото

7 mins read

Еден конкретен филмски наслов деновиве особено го привлекува вниманието на филмската публика. Научнофантастичната сатира на американскиот режисер и комичар Адам МкКеј (режисер на „Anchorman“, „The Other Guys“, „Vice“, „Ant-man“, и „The Big Short“ за кој доби оскар), „Don’t look up“ им понуди на гледачите едно огледало што ја зголемува, но не ја искривува реалната слика за човештвото. И не секому му се допадна тоа.

Но, и покрај поделените ставови, се чини дека публиката за едно нешто се согласува речиси сеосема. „Don’t look up“ има фантастична актерска екипа, почнувајќи од Леонардо ди Каприо и Џенифер Лоренс, кои ги толкуваа главните улоги, па се до фантастичните Кејт Бланшет, Мерил Стрип, Роб Морган, Џона Хил, Марк Рајланс, Тајлер Пери, Тимоти Шаламет и Рон Перлман, придружени од Аријана Гранде, Скот Мескуди, Химеш Пател, Мелани Лински, Мајкл Чиклис, Томер Сисли, Пол Гилфојл, Роберт Џој и Гери Тангај.

Леонардо ди Каприо во Don't Look Up/Twitter
Леонардо ди Каприо во Don’t Look Up/Twitter
Леонардо ди Каприо, Џенифер Лоренс, Џона Хил и Мерил Стрип во Don't Look Up/Twitter
Леонардо ди Каприо, Џенифер Лоренс, Џона Хил и Мерил Стрип во Don’t Look Up/Twitter

На планетата Земја ѝ се заканува комплетно уништување – но да останеме позитивни

„Не гледај горе“ ја раскажува приказната на Кејт Дибијаски (Џенифер Лоренс), студент по астрономија и нејзиниот професор д-р Рандал Минди (Леонардо ди Каприо) кои откриваат комета која орбитира во рамките на Сончевиот систем. Но постојат два проблеми. Првиот: Кометата со големина на Монт Еверест се движи кон Земјата, заканувајќи се со нејзино неизбежно уништување во рок од шест месеци. И вториот: Никој не се грижи. 

Мерил Стрип во Don't Look Up/Twitter
Мерил Стрип во Don’t Look Up/Twitter

Откако Кејт и Рандал, со помош на д-р Оглеторп (Роб Морган) ќе го презентираат откритието пред претседателката на САД, Орлеан (Мерил Стрип) и началникот на Генералштабот, Џејсон (Џона Хил), ударот од кометата е сфатен како „незгоден факт за навигација“ и ништо повеќе. Дополнително, нивната медиумска турнеја и гостување на оптимистичната утринска емисија, „The Daily Rip“ водена од Бри (Кејт Бланшет) и Џек (Тајлер Пери), допринесува до поделба на народот помеѓу оние кои ја сфаќаат опасноста сериозно, и оние кои прават „мемиња“ за „хистеричната“ Кејт, која панично го изразува звојот страв од апокалипсата за време на пренос во живо.

Кејт Бланшет и Тајлер Пери во Don't Look Up/Twitter
Кејт Бланшет и Тајлер Пери во Don’t Look Up/Twitter

За овие вториве, доказите на научниците не се доволно поткрепени ниту силни, оваа информација е непожелна и предизвикува беспотребни страв и паника. Далеку поинтересна е занимацијата со љубовната врска на поп-ѕвездата Рајли Бина (Ариана Гранде), која пак го искористува моментот и го подржува движењето „Just Look Up“ за свој публицитет, додека целата потенцијална планетарна катастрофа се претвора во тренд на социјалните медиуми.

Одлична, но лошо пренесена порака?

Пораката е кристално јасна, дури и за најигнорантните. „Don’t look up“ е филм кој предупредува за опасноста од климатските промени и заканата од еколошките катастрофи кои веќе долги години не се сфаќаат сериозно. А дополнително се поклопува и со моменталната ситуација со Ковид, поделбата околу вакцините и недовербата во медицината, иако МкКеј открива дека почнал да ја развива идејата за филмот уште пред да започне пандемијата. Со самото тоа, „Don’t look up“ го поставува прашањето: Дали сега е предоцна да се погледне нагоре?

Џенифер Лоренс и Тимоти Шаламет во Don't Look Up/Twitter
Џенифер Лоренс и Тимоти Шаламет во Don’t Look Up/Twitter

Филмот како астероид ја погоди гледачката публика и драстично го подели нејзиниот став во врска со речиси секој аспект на филмот, почнувајќи од самата темата, сценариото, па сè до егзекуцијата.

За многумина, „Don’t look up“ претставува „лицемерен“, прекумерен, политиизран и нападен филмски проект, со порака која ја губи својата сила поради недостаток на суптилност и самата должина на филмот, а дел од гледачите и критичарите сметаат дека пораката на филмот не е насочена кон правата публика која има вистинска моќ да промени нешто. Некои дури и остро го критикуваа жанрот на филмот, нарекувајќи го „очаен обид за комедија“.

Но, „Don’t look up“ воопшто не се обидува да биде урнебесно смешна комедија. Филмот го потенцира проблемот кај секој од нас, желбата да избегаме од реалноста, да ги игнорираме непријатните знаци што е можно повеќе, да ја одложиме реакцијата што е можно подолго, и сето тоа преку насилно наметнат оптимизам или лесно-достапната забава на интернет. Оние кои ја препознаваат апсурдноста во човековото однесување во „Don’t look up“ со сета своја реалистичност, согледуваат во колку трагикомична ситуација се наоѓа целото човештво.

Марк Рајланс во Don't Look Up/Twitter
Марк Рајланс во Don’t Look Up/Twitter

Филмот не е далеку од беспрекорен. Дел од потенцијалот на одличната актерска екипа воопшто не е соодветно искористен, а одредени пропусти има и во монтажата, особено кога се вметнати сцени со цел да предизвикаат емотивна реакција. За жал, тоаа е толку неоргански изведено, што резултатот е неиспешен. Но и покрај тоа, ова е филм кој апсолутно вреди да се погледне, а последната сцена и групната вечера е можеби најемотивниот дел од целиот филм. Бонус: Филмот има и „пост-кредит“ сцена.

„Don’t look up“ беше премиерно прикажан на 5 декември годинава, и е достапен на стриминг платформата Нетфликс.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Косово се надева на визна либерализација за време на француското претседателство со ЕУ

Следно

Израел: Се појави „флурона“ – истовремена зараза со грип и коронавирус

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian