Годинава дефинитивно ќе ја паметам по големата промена во мојот професионален живот и целосно менување на моето секојдневие. Годината што доаѓа сакам да ја запаметам по реализираните чекори во урбанизмот и инфраструктурата, образованието, спортот, социјалата, животната средина, локалниот економски развој и секаде каде имаме ингеренции и можности да остваруваме.
Новата година нека ја одбележат капитални проекти што ќе ги запаметам не само јас, туку и моите сограѓани и кои ќе останат за подобро утре на идните генерации.