По што ќе ја памети старата, а што посакува во новата година? Димитров: Парите ќе станат поскапи како за државата, така и за фирмите

1 min read

Годинава сите се надевавме дека ќе помине корона-кризата, но за жал удри и по економијата и по здравствениот систем. Кинењето на синџирите на снабдување доведе и до пораст на цените и некои се најдоа затечени од инфлацијата.

Во новата може да очекуваме подобрување во однос на корона-кризата и енергетската криза, веројатно во втората половина од годината. За идниот економски развој ќе биде важно како ќе се справуваме со јавниот долг, затоа што земените кредити со ниски каматни стапки кои нема да можеме да ги вратиме, ќе се заменат со кредити со повисоки каматни стапки, а тоа автоматски значи помалку пари за инфраструктура, здравство, стопанство… Сметам дека парите ќе станат поскапи, како за државата, така и за фирмите. По дефиниција, кога има инфлација, Народната банка мора да ја заголемува каматната стапка, а тоа на сите ќе им донесе подкапи кредити.

Посакувам да немаме политичка криза, затоа што таа би ја влошила состојбата. Би сакал политичарите да почнат повеќе да се грижат за државата и да ги надминат теснопартиските интереси.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Германија го презема кормилото со Г-7

Следно

Рама прво побара големо извинување од Албанците, па им посака среќна Нова 2022 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian