Новогодишните огномети убија и повредија десетици луѓе во Европа

1 min read

Во Европа од огномети и покрај нивната забрана загинаа три лица, а десетици беа повредени.

Според локалните медиуми во Холандија, едно 12-годишно момче загинало, а друго е тешко повредено додека го гледале огнометот во дворот, пишува Би-би-си. Холандската полиција уапси маж.

Во Германија 37-годишен маж го загуби животот во огномет на новогодишната ноќ во градот Хенеф. Случајот се истражува.

Германската новинска агенција ДПА исто така јави дека неколку лица се повредени во инциденти со огномети во различни градови во земјата.

Најмалку 80 луѓе се повредени во огномет во Холандија, според Де Телеграф, вклучително и луѓе кои ги загубиле нозете или рацете во експлозиите.

И Холандија и Германија ја забранија продажбата на пиротехнички средства за време на новогодишниот период, поради пандемијата на корона вирусот.

Холандските власти го оправдаа потегот велејќи дека повредите поврзани со изгореници во голема мера ќе ги оптоварат болниците кои се борат со вирусот.

И покрај тоа, ентузијастите во двете земји не ја почитуваа забраната, а луѓето ги минуваа границите за да купат пиротехнички средства, па дури и се обидуваа да направат дома.

Во Австрија имало и неколку инциденти, меѓу кои и загинување на 23-годишен маж кој бил повреден од огномет кој не експлодирал веднаш.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Неочекуван влез во 2022 година: Мајли Сајрус принудена да пее топлес за време на новогодишниот настап

Следно

Ракометар на ПСЖ избоден со нож на новогодишната ноќ и нема да игра на ЕП

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian