На 143 возачи им преседна новогодишната ноќ: Полицијата со полни раце работа

1 min read

Министерството за внатрешни работи информираше дека во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 48 санкции, 19 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 20 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се 11 мерки за непрописно паркирање, четири мерки за минување на црвено светло, три мерки за некористење сигурносен појас, четири мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за возач почетник, седум мерки за нерегистрирани возила.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да ја зголемат безбедноста во сообраќајот. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Дали Дедо Мраз дојде и кај вас?… А Баба Мразица?

Следно

Папата Франциск: Мајките даруваат живот, насилството врз жените е навреда за Бога

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian