Фудбалерот на Калјари и на уругвајската репрезентација, Нахитан Нандез, е обвинет за семејно насилство и Интерпол распиша меѓународна потерница.
Нандез со приватен авион го напуштил Уругвај каде ги помина божиќните и новогодинешните празници и згора на тоа беше позитивен на коронавирус.
Нандез е обвинет за психолошко вознемирување во семејството, а е пријавен од страна на поранешната сопругата Сара Гарсија. Нандез го напуштил Уругвај од малиот аеродром Пунта дел Естер, но сè уште не се појавил на подготовките на својот тим Калјари.
Нандез и Гарсија неколку години беа во брак, но неодамна се разведоа по што фудбалерот почна агресивно да се однесува кон сега веќе поранешната сопруга.
Уругваецот во Калјари пристигна во 2019 година до Бока Јуниорс, а за уругвајската репрезентација досега настапи на 49 натпревари.