Хрватска ја забрани продажбата на лесни пластични кеси

1 min read

Од денеска во Хрватска е забранета продажбата на лесни пластични кеси за носење, соопшти Министерството за економија и одржлив развој.

Се работи за пластични кеси за носење со дебелина до 50 микрометри, кои, како што прецизираат од министерството, најмногу се појавуваат на пазарот. Тие, се додава, обично не можат да се користат повеќекратно, поради што значително ја загадуваат животната средина.

Сепак, сè уште се дозволени многу лесни пластични кеси, потенки од 15 микрометри, кои се користат исклучиво од хигиенски причини или служат како примарна амбалажа за храна на големо кога тоа помага да се спречи фрлање храна, се вели во соопштението.

Тие нема да можат да се користат во продавници во кои не се продава храна, како што се продавници за облека, обувки, бела техника, аптеки или книжарници.

Министерството информира дека пластичните кеси за носење кои се подебели од 50 микрометри може да се користат повеќе пати, така што и понатаму може да се користат и продаваат, бидејќи повторната употреба придонесува за спречување на создавање на отпад.

Во соопштението се истакнува дека фрлените пластични кеси станаа многу честа појава во природата и оти, врз основа на директивите на Европската Унија, во иднина ќе бидат забранети и други форми на пластични кеси за носење.

Министерството ги повика граѓаните од Нова година со себе да носат платнени торби или корпи за носење, како и при пазарење да се одлучат за хартиени кеси или слични алтернативи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

По што ќе ја памети старата, а што посакува во новата година? Зајкова: Пандемијата да замине заедно со годинава

Следно

Помина новогодишниот дочек… Еве што да правите со остатоците од храна по празниците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian