Халанд самиот откри каде ќе ја продолжи кариерата

1 min read

Фантастичниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, новогодинешните празнини ги поминува на Марбеља во Шпанија и фановите ги фрли во транс со една реченица.

Норвежанецот е главна атракција во Марбеља, а шпанските медиуми пишуваат дека Халанд на навивачите кои го опколија на улица им одговори на прашањето каде ќе ја продолжи кариерата.
Ќе играм тука, во Шпанија – им рекол Халанд на навивачите.

Со оваа реченица, Халанд откри многу за својот иден чекор во кариерата бидејќи сите знаат дека најголем интерес за него пројавуваат Реал Мадрид и Барселона.

Во договорот со Борудија Дортмунд има клаузула со која Халанд на лето може да си замине за само 75 милиони евра, а со последните зборови им порача на екипите дека ќе ги разгледува понудите кои ќе пристигнат само од шпанските гиганти.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Преживеа атентат и многу политички премрежја – Одбележани 10 години од смртта на претседателот Киро Глигоров

Следно

Елена „Живот со Стил“ се закити со веренички прстен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian