Градоначалничката Арсовска го посети првороденото бебе во Скопје во 2022 година

1 min read

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска го посети првороденото бебе во Скопје во 2022 година, кое се роди по природен пат, на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство.

За родилката Сузана Стошиќ, Михаил е четврто дете.

Арсовска ја посети и Симона Петровски, која на свет ја донесе Теодора, само една минута подоцна, две минути по полноќ.

На двете родилки и нивните семејства Град Скопје им посакува здравје и среќа во годините кои претстојат, заедно да се радуваат на успесите на своите деца.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Почина познатата американска актерка Бети Вајт

Следно

Ерик Адамс положи заклетва за градоначалник на Њујорк веднаш по полноќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian