Германија го презема кормилото со Г-7

1 min read

Германија од денеска го презема ротирачкото претседателство со Г-7 за период од една година.

Досега Велика Британија беше ротирачки претседавач на Големата седумка. Германското претседателство со Г-7 најголеми светски економии (САД, Германија, Франција, Италија, Канада, Јапонија, Велика Британија) ќе биде внимателно следено. Тоа е прво по заминувањето на канцеларката Ангела Меркел.

Претседателството се соочува со голем број предизвици: нови тензии меѓу Западот и Русија околу Украина, сè уште нејасните односи по Брегзит меѓу Лондон и Брисел, кризата со коронавирусот и голем број други регионални и глобални закани.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЈСП денеска со изменет возен ред

Следно

По што ќе ја памети старата, а што посакува во новата година? Димитров: Парите ќе станат поскапи како за државата, така и за фирмите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian