Добри вести за „фалангата“: И невакцинирани навивачи ќе може да ги бодрат ракометарите на ЕП 

1 min read

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави протоколите за навивачите кои ќе сакаат да присуствуваат на Европското првенство кое од 13 до 30 јануари ќе се игра во Унгарија и Словачка, и од кое дел ќе бидат и македонските ракометари и „фалангата“. Условите условите за присуство на публика на натпреварите се „полабави“ од досегашните искуства на спортските настани.

Во Унгарија нема ограничувања за капацитетот на салите во Дебрецин, Сегедин и Будимпешта. односно дозволено и 100 отсто навивачи во истите, а фановите за да ги следат натпреварите ќе треба да приложат:
– валиден сертификат за прележан Ковид-19
– валиден сертификат за вакцинација
– негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.
Ова значи дека во Унгарија може да патуваат и невакцинирани навивачи, но притоа на граничните премини или на аеродромите мора да приложат влезници за натпреварите.

Македонија е дел од групата А заедно со Словенија, Црна Гора и Данска, а натгпреварите ќе се играат во Дебрецин.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров првиот натпревар ќе го играат на 13 јануари против Словенија, два дена подоцна е дуелот со Црна Гора, додека во последното коло на 17 јануари  противник ќе биде актуелниот европски, светски и олимписки шампион, Данска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Економски шок во Турција: Струјата поскапе 100 отсто!

Следно

Продолжете го животот на божиќната ѕвезда: Еве која е тајната состојка!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian