Димитриевски е негативен на корона, ќе брани на дербито против Атлетико

1 min read

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски, ќе биде на голот на Рајо Ваљекано на утрешниот натпревар против шампионот Атлетико Мадрид во рамки на 19. коло од Ла Лига.

Димитриевски на последната рунда тестирања на коронавирус, на 27 декември имаше позитивен тест по што замина во изолација. Во меѓувреме, тој доби два негативни теста, по што доби дозвола да настапи на натпреварот против Атлетико Мадрид.

Покрај Димитриевски, тренерот на Рајо Ваљекано за утрешниот натпревари на располагање ќе го има и Оскар Трехо, кој исто така имаше два негативни теста.

Рајо игра одлично сезонава, моментно се наоѓа на четвртото место на табелата со 30 бода, еден повеќе од Атлетико Мадрид, а големи заслуги има и Димитриевски кој во 18 кола прими само 18 голови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Женско е првото новороденче во 2022 во Кочани

Следно

Во Албанија по новогодишната прослава повторно полициски час

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian