Дефинитивно Дејан Георгиевски ги заслужува сите честитки, и поддршка која ќе му биде потребна во неговите следни предизвици.
Македонскиот таеквондист го израдува македонскиот народ оваа година освојувајќи медал, сребрен на Летните олимписки игри во Токио, Јапонија.
Тоа е само втор олимписки медал во историјата на нашата земја, првиот, бронзен, беше освоен на Игрите во Сиднеј (Австралија) кој заврши во рацете на борачот Могамед Ибрагимовиќ.
Се чекаше дури 21 година за повторно да видиме Македонец на подиумот на најголемиот спортски собир во светот.
Георгиевски на теквондо турнирот во категоријата над 80 кг. во финалето загуби од рускиот натпреварувач Владислав Ларин, 15:9.
ВИДЕО + ФОТО: Спектакуларен пречек за сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски
Но, Дејан дефинитивно не разочара, тој пред завршната битка забележа три победи, првата над светскиот шампион Рафаел Алба (Куба) со 11:8 и уште од тој момент се чувствуваше дека има сериозни амбиции да атакува на медал. Вториот триумф беше против Сејду Гбане (Брегот на Слоновата коска) со 9:4, а во полуфиналето во кое го обезбеди медалот беше подобар и од претставникот на Јужна Кореја, Ин Кјо-дон (12:6).
Тука нема да застане Георгиевски, со сите сили напорно ќе тренира за да биде максимално подготвен за следната Олимпијада во Париз во 2024 година кога ќе се обиде да дојде до златото.
АМС: Освојувачот на олимписко сребро Георгиевски е спортист на 2021 година