Манчестер јунајтед синоќа го совлада на домашен терен Барнли со 3:1 во натпреварот од 20. коло во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ пред своите навивачи дојдоа до трите бода и со триумф успеаја да ја завршат 2021 година.
На стадионот „Олд Трафорда“ беше и легендарниот Сер Алекс Фергусон кој денеска го слави 80 роденден, а навивачите на овој клуб го одбележа на еден одличен начин.
Навивачите на Јунајтед покажаа транспарент со кој му го честитаа роденденот на еден од најдобрите фудбалски тренери на сите времиња.
Ова го воодушеви Фергусон, кој ја искористи приликата сето тоа да го „улови“ со својот мобилен телефон.
Ферги со Манчестер јунајтед како менаџер успеа вкупно 13 пати да ја освои Премиер лигата, како и двапати Лигата на шампионите.
Sir Alex Ferguson taking a photo of his 80th birthday banner is just so wholesome 🥺 pic.twitter.com/6QRFL6zkaB
— ESPN FC (@ESPNFC) December 31, 2021