Рецепт: Чизкејк со портокал и чоколадо

2 mins read

Феноменална комбинација.

Состојки за подлогата:

– 3 јајца

– 80 гр кафеав шеќер

– 100 гр брашно

– 20 гр какао

Полнење:

– 20 гр желатин

– 250 мл свеж сок од портокал

– 60 гр кафеав шеќер

– 250 мл слатка павлака

– 1 лажичка екстракт од ванила

– 200 гр крем сирење

Глазура:

– 50 мл слатка павлака

– 1 лажица путер

– 2 лажички мед

– 100 гр темно чоколадо

И уште:

– масло за подмачкување

– шеќер во прав за посипување

– портокал за декорација

Подготовка:

Изматете ги белките со шеќерот во тврда маса, додадете ги жолчките и изматете ги во густа пена. Измешајте го просеаното брашно со какао и смесата истурете ја во тава за торта обложена со хартија за печење (со дијаметар од 24 см).

Се пече во загреана рерна на 160 степени околу 30 минути. Оставете да се излади во калапот, па извадете го од калапот. Подгответе го желатинот според упатството на кесата.

Во тенџере сварете сок од портокал и шеќер. Тргнете го од оган, додадете го желатинот и мешајте додека желатинот не се раствори.

Подмачкајте го калапот и посипете го со шеќер во прав, па додадете ја печената подлога. Изматете ја слатката павлака со ванилата, додадете го крем сирењето и сокот од желатин.

Филот се прелива на печена подлога и се става во фрижидер четири часа. Кога ќе се стврдне, подгответе ја глазурата. Најпрво сварете ја слатката павлака со путер и мед, тргнете ја од шпорет и додадете ја чоколадата.

Мешајте додека да се растопи чоколадото и малку да се излади глазурата. Потоа прелијте ја глазурата врз стврднатиот крем, намачкајте и оставете во фрижидер околу еден час. На крај украсете со парчиња портокал.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

ИДЕАЛЕН ЗА ПРАЗНИЧНО ВРЕМЕ: Овој ЧАЈ го поттикнува варењето после обилен оброк

Следно

На здравје за убава Нова Година: Зошто специјалните пригоди ги наздравуваме со шампањ?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian