Починаа двајца најголеми антиваксери од последици на коронавирус

1 min read

Еден од најголемите противници на вакцинацијата, Робин Франсман, дипломиран политиколог и економист, почина вчера во Холандија како последица од Ковид-19.

Според извештаите на медиумите, 53-годишникот не сакал да се вакцинира и често ги критикувал вакцините против Ковид-19 на социјалните мрежи.

Тој на 3 декември напиша на Твитер дека е позитивен на Ковид-19.

Маурицио Бурати, италијански антиваксер кој тврдеше дека ковидот не постои, познат и како Мауро од Мантова, починал во болница во Верона во понеделникот, само неколку недели откако беше хоспитализиран, пишуваат денеска италијанските медиуми.

Бурати (61) предизвика гнев во јавноста откако се прогласи себеси за „проширувач на чума“ и се пофали дека шетал заразен и без маска во супермаркет, пренесува порталот Индекс.

Состојбата на Бурати се влошила откако се јавил во една локална радио програма, каде што бил чест и познат коментатор, и отворено им рекол на слушателите дека е тешко болен, има висока температура, но решил да прошета низ преполна продавница без маска.

Тој се бореше против епидемиолошките мерки и тврдеше дека „го брани уставот“. Тој исто така рече дека нема да биде тестиран за коронавирус бидејќи брисевите всушност ја предизвикувале болеста.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Општина Аеродром го усвои Буџетот за 2022, приоритет се потребите на граѓаните

Следно

ВИДЕО | Викса и Биба Додева: Хуманоста пред сѐ!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian