По што ќе ја памети старата, а што посакува во новата година? Петрески: Помалку да очекуваме од владата, повеќе од самите себе!

1 min read

Економската 2021 ќе ја запаметам по тоа што бевме повеќе оптимисти од реалноста во однос на пандемијата и како таа ќе се одрази врз живеачката. Закрепнувањето одеше побавно од што се надевавме: вакцинацијата почна со задоцнување, потоа значително забави, фирмите од повеќе сектори се соочија со понатамошни ограничувања и сè уште недоволна побарувачка, а во втората половина од годината се соочивме и со притисоци кај цените, од кои доминантен дел кај струјата, што не беше директен ефект од пандемијата. Но, мислам дека вкупно, живеачката на граѓаните не беше толку лоша колку што можеше да биде.

Во таква кондиција влегуваме во 2022. Јас лично имам умерен оптимизам дека ќе биде подобро, иако скоро сите ризици што ги набројав ќе останат на сцената уште некое време. Меѓутоа, ќе имаме нова влада, на која ѝ посакувам пореалистично согледување на состојбите, повеќе системски, наместо ад-хок пристап во решавање на проблемите, а на премиерот да избере министри стручни и со визија за секторите во кои се назначени. На граѓаните – да имаат и да сакаат повеќе работа. На фирмите – да произведат и на светот да му продадат нешто повредно, а сите да имаме помали очекувања од владата, а поголеми од самите себе!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Суеверие или не: Каква долна облека да облечете на пречекот на новата година

Следно

Брзо и лесно во 5 до 12: Залачиња на вашата новогодишна трпеза во последен момент

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian