По што ќе ја памети старата, а што посакува во новата година? Мехмедовиќ: Бевме исцрпени, но не бевме победени!

1 min read

Годинава ќе ја паметам по моите соборци од ковид-центрите на Неврологија, Дерматологија, Пулмогија,  Јуле, Ема, Ивана, Маја, Анита, Дејан, Томче, Чошкун, Фросина, Јасмина, Билјана, Зеко, Иван, Рабије, Сашо, Драган и уште многу други (ги има преку стотина). Со нив го делев воздухот кога беше најтешко (преку маска, по протокол), се гледавме преку визири, се облекувавме идентично (сите во скафандери), се пречекуваме на работа загрижени со прашањето „Како си?“ и се испраќавме дома со поздравот „Чувај се!“. Поминавме многу тешки денови, бевме исцрпени, но никогаш не дозволивме да бидеме победени. Премногу болка, но и по некоја радост поделивме изминава година заедно.

Во наредната година сакам да поделиме само радост, да го дишеме воздухот без маски заедно, да се гледаме јасно без визири, да си стиснеме рака без ракавици, да си носиме униформи наместо скафандери, сакам 2022 година да биде пред се среќна и нормална година, за сите нас, и за здравствените работници и за пациентите. Нека ни токму таква новата 2022 година. И тогаш навистина ќе биде среќна!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Експлозија разнесе зграда во Белгија, најмалку осуммина се исчезнати

Следно

ВИДЕО: Светскиот шампион на колена во Скопје, Лазаров имаше селекторско деби од соништата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian