По што ќе ја памети старата, а што посакува во новата година? Костадиновска Стојчевска: Реформи дома и преговори со ЕУ

1 min read

Како претставничка на граѓаните, мене лично во професионалниот дел 2021 година ми ја одбележа моето гласање во скафандер за законите кои обезбедија финансиска помош за над 150.000 граѓани за полесно да се справат со финансиските последици од пандемијата. Се надевам дека ниту еден пратеник повеќе нема да мора да биде доведен во таква ситуација.

Би ја споменала и оставката на премиерот Заев, која ја сметам за личен чин на голема морална одговорност и нова вредност во политичкиот живот на нашата земја.

На личен план, мојата ќерка ја одбележа 2021. Во услови на пандемија, моите обврски во Собрание, мојата Ана е симболот на 2021 и за тоа што се една жена е способна! Со еден збор, 2021 за мене беше година на храброст!

Верувам дека во новата година конечно ќе заврши глобалната пандемија со коронавирусот и дека светот ќе се врати во нормала.

Очекувам дека ќе ги почнеме преговорите со ЕУ, нешто што одамна го заслуживме, а ние во Собранието, со зголемено мнозинство, ќе продолжиме со реформите кои го унапредуваат квалитетот на живот за сите граѓани.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

САМО ВО САД: „Дожд од риби“ за крајот на 2021! (ВИДЕО)

Следно

Суеверие или не: Каква долна облека да облечете на пречекот на новата година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian