Пандемијата може да заврши во 2022 година, вели Тедрос, првиот човек на СЗО

1 min read

Генералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус во новогодишната порака изрази надеж дека е можно да заврши пандемијата со Кови-19 во 2022 година.

Тој истакна дека светот има „алатки за завршување на пандемијата” и покрај тоа што бројките на новозаразени лица во светот уриваат рекорди.

Гебрејесус во објавата на Линкедин предупреди и дека пандемијата подолго ќе трае, ако продолжи нееднаквоста.

– Две години по почетокот на пандемијата, алатките на располагање за борба против Ковид-19 сè уште се нерамномерно распределени низ светот. Во Африка, три од четири здравствени работници не се вакцинирани, додека луѓето во Европа и САД примаат трета доза. Таквиот јаз ги зголеми условите за појава на нови соеви, заклучувајќи нè во циклус на континуирани загуби, тешкотии и ограничувања, напиша Гебрејесус.

Тој додаде дека „ако заврши нееднаквоста, тогаш ќе заврши пандемијата и глобалниот ноќен кошмар што го проживеавме. И тоа е можно”.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Забавен дочек на 2022 година… во шик пижами совршени за забава!

Следно

Првиот ден од 2022 година ќе биде сончев и со пролетни температури

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian