Жорж Мендеш, менаџерот на Кристијано Роналдо, вели дека португалскиот фудбалер е задоволен во редовите на Манчестер јунајтед.
После неколку слаби натпревари, во британските медиуми се шпекулира дека можно е Роналдо следното лето да го напушти „Олд Трафорд“.
Расте загриженоста за улогата на Португалецот на „Олд Трафорд“, изгледа фрустрирано откако се врати во својот поранешен клуб. Како еден од проблемите е недостатокот на хемија со неговите сегашни играчи. Но, Мендеш инсистира дека Роналдо е среќен.
– Кристијано е многу среќен во Јунајтед. Тој ќе продолжи со одличните партии кои ги имаше во текот на целата кариера. Ќе биде ова одлична сезона за него, сигурен сум – рече Мендеш.
Сезонава Роналдо за „црвените ѓаволи“ има 11 голови во 23 настапи во сите натпреварувања. Со Манчестер јунајтед има важечки договор до 30 јуни 2023 година.
ВИДЕО: „Ѓаволско“ полувреме на Јунајтед за победнички крај на 2021 година