Креаторот на „Squid Game“ најави уште две сезони

1 min read

Дистописката драма која ги собори сите рекорди беше објавена во септември, а во првите 28 дена ја гледаа неверојатни 111 милиони корисници на Нетфликс. Многу фанови бараа повеќе сезони и продолженија, а како што стојат работите договорот за новата сезона е се поблиску.

Креаторот на серијата, Хванг Донг-Хјук, изјави за „Korean Times“:

„Во преговори сум со Нетфликс за втората, но и за третата сезона. Наскоро ќе постигнеме договор“.

Приказната за проблематичните луѓе, одведени на таен остров и принудени да играат опасна верзија на детски игри, ја прослави актерската екипа преку ноќ.

Креаторот пред еден месец изјави дека реакцијата на публиката не му остава друг избор и дека се чувствува должен да ја продолжи приказната.

„Имаше толку голем притисок, барања и љубов за втората сезона. Моментално го планирам процесот. Мислам дека е премногу рано кога и како ќе се случи продолжението“, откри тој и додаде:

„Ќе го ветам ова – Ги-Хун ќе се врати и ќе направи нешто за светот“.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Вкусни и забавни пијалаци за добра новогодишна забава: Рецепти за новогодишни коктели

Следно

Тепачка меѓу поголема група скопјани во кафеана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian