Непосредно пред крајот на 2021 година македонските фудбалски клубови веќе се активни на трансфер пазарот пред стартот на пролетниот дел од сезоната.
Денеска Струга Трим Лум го промовираше своето ново засилување, станува збор за 26-годишниот одбранбен играч Дарко Илиески.
Овој дефанзивец доаѓа од Словенија каде што ги бранеше боите на Копер. Стружани со Илиски потпишаа договор на една година.
Од клубот најавија дека во јануари ќе ја информираат јавноста за нови играчи.
После есенскиот дел од Првата македонска лига Струга Трим Лум е на седмата позиција со 26 бодови.