ФОТО | Игор и Илина на уникатен начин се збогуваа со 2021: Горе – доле…

1 min read

Домашните јавни личности почнаа да ги објавуваат своите впечатоци од годинава што измина. Голем дел од нив посакаа новата година да донесе повеќе радост и здравје, но и на единствен начин ја „испраќаат“ 2021.

На својот инстаграм-профил, планинарката Илина Арсова со интересна фотографија на која е фотографирана во новогодишни пижами, со „стој на раце“ сподели и како се чувствува пред заминувањето на старата. Секако, на фотографијата се наоѓа и нејзиниот избраник Игор Џамбазов, па заедно двајцата со уникатна фотографија се збогуваа со 2021.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)

„Горе-доле годинава и не беше така лоша, сепак следната нека ни биде многу подобра“, напиша таа во објавата.

Игор Џамбазов, пак, посака спокојна 2022 со споделено видео од дојрански амбиент  на неговиот инстаграм-профил, пишувајќи:

„Дојранска нирвана од нашиот двор“…

Горе-долу, им посакуваме 2022 да им биде за паметење!

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ за заминувањето од раководството на партијата: Се повлекувам, можеби сакам да бидам обичен човек

Следно

Полициски акции во Скопје, уапсени дилери во Ѓорче Петров, Кисела Вода, Карпош…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian