Во Русија над 110 луѓе прогласени за странски агенти

1 min read

Русија денеска на листата на странски агенти ги додаде новинарката Таисја Бекбуталова, две членки на панк групата Пуси рајот Надежда Толокоњикова и Вероника Никулшина, сатиричарот Виктор Шендерович и колекционерот на уметнички дела Марат Гелман. На листата странски агенти сега имаа 111 имиња.

– Овие лица систематски доставувале документи до непознат круг луѓе и добивале финансиски средства од странство, наведе руското Министерство за правда.

Законот за странски агенти е од 2012 година, квалификацијата потсетува на „непријатели на народот” од советско време, првично се применуваше на невладините организации, а потоа беше проширена на медиуми и поединци.

Организациите за слобода на изразувањето ја обвинуваат руската Влада дека Законот го користи како инструмент за замолчување на критичарите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Храбро и смело! Згодниот Крис Хемсворт топлес му се спротивстави на студот: Ледените бањи се стара вест!

Следно

Од понеделник без ветеринарна инспекција на границите меѓу земјите од „Отворен Балкан“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian