Уапсен скопјанец по кого била распишана потерница

1 min read

На 29.12.2021 во 13.30 часот на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Г.Б.(31) од Скопје. За него била распишана централна потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, известува МВР.  
 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Зошто е добро да имате активен јаглен дома

Следно

Цунамито омикрон: Во Франција секоја секунда по двајца новозаразени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian