Трет ден рекорден број новозаразени со ковид-19 во Грција

1 min read

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 35.580 нови случаи на Ковид-19, што претставува нов негативен рекорд во земјата од почетокот на пандемијата, а веќе трет ден по ред има пораст на бројот на новозаразени, јави дописничката на МИА од Атина.

Новозаразените се од 424.682 направени тестови, а најголемиот дел од случаите, 15.713 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а само во централното подрачје има 5.007 заразени, наспроти 3.997 случаи во Солун.

Регистрирани се и 72 починати, а 636 пациенти (16 повеќе од вчера) се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во болниците, од кои 540, односно 84.91 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани.

За три дена во земјата беа регистрирани вкупно 86.250 случаи од кои: 21. 657 случаи (од 556.060 тестови) во вторникот, 28.828 случаи (од 398.632 тестови) вчера и 35.582 случаи денеска (од 424.682 тестови).

Од почетокот на пандемијата, во Грција се потврдени вкупно 1.170.293 случаи на Ковид-19, а починаа 20.708 лица.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кој има тетоважа, нема да игра за кинеската репрезентација

Следно

ФОТО | На Донатела Версаче ѝ се смачи да го грешат презимето: Еве како се изговара точно

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian