Стружани без еуфорија за новогодишната ноќ

1 min read

Скромно и без многу помпезности, со елка на Чаршискиот мост и по некој украс во строгиот центар, Струга се подготвува за Новата година. Ја нема традиционалната еуфорија. Заробени во стравот од пандемијата стружани срамежливо излегуваат да почуствуваат од новогодишната магија, но и да купат новогодишен подарок за најдрагите.

Струга и годинава нема да има организиран дочек на Нова година, а дел од стружани и гостите најлудата ноќ ќе ја прослават во хотелите, рестораните и кафулињата, но повеќето ќе останат во своите домови.

За тоа колку често подаруваат, дали пандемијата ја намали еуфоријата и начинот на славење, се обидовме да добиеме одговор од граѓаните и продавачите на новогодишни украси и детски играчки.

– Подарувам редовно, како за Нова година, така и за други поводи. Подароците ги избирам со голема радост, а уште повозбудена сум кога ги отвараат чекајќи ги првите емоции дали ќе им се допаднат, истакнува Елена.

Навраќајќи се низ годините и Гоце, продавач на тезга забележува дека секоја година се помал е интересот за новогодишни подароци.

– Кризата си го прави своето. И она што се продава, купивачите бараат да е поефтино, симболично да го одбележат денот, што низ годините наназад не беше така, раскажува Гоце.

Најмладите денеска имаат можност да се радуваат до Дедо Мраз, кој помина низ пофрекфентните улици во градот и прошета низ Струшката чаршија делејќи подароци изнудувајќи многу насмевки.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Курц ќе работи за донаторот на Трамп – Питер Тил

Следно

Барселона во јануари ќе купува поранешен напаѓач на Реал Мадрид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian