Српскиот пејач направил хаос во трговски центар, одбил да стави маска

2 mins read

Српскиот пејач Милан Станковиќ минатата се најде во големи проблеми поради своите антиваксерски ставови, поради кои бил на работ на физички конфликт со обезбедувањето на еден трговски центар во Белград, но и со менаџерот на популарен ресторан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MILAN STANKOVIC (@milanstankovic)

Како што дознава српски „Курир“ од извори кои се нашле во близина на Станковиќ, тој направил сцена во трговскиот центар „Ушче“, во една продавница, бидејќи не сакал да носи заштитна маска, која е задолжителна во сите затворени објекти. Додека ги разгледувал работите, пејачот, кој на почетокот никој не го препознал поради долгата коса и променетиот физички изглед, му пришол еден од припадниците обезбедувањето и љубезно го замолил да стави маска или да ја напушти продавницата.

На тоа веднаш бурно реагирал, почнувајќи да се расправа и одбивајќи да стави заштита на лицето, викајќи дека не сака „да го прифати злото што ни го наметнале разни светски сили и слуги на антихристот“. Откако одбил да ја стави маската, обезбедувањето го испратило надвор од продавницата.

Сепак, дека ова не е прв инцидент на Станковиќ од ваков тип, сведочел уште извор кој престојувал со пејачот во ресторан во Белград. Престој во ресторани после 20 часот е дозволен исклучиво за лица со ковид-сертификат, а Милан тоа не го поседува. Меѓутоа, тој одбил да ја напушти вечерата, тврдејќи дека никој нема право да му бара пропусница.

– Викаше дека тој нема да извади никакви пропусници ниту да ги покаже. Неколкупати повтори дека на сите им е испран мозокот и дека, ако треба, нема ниту да јаде, но дека не се согласува на уцени – изјавил изворот за српски „Курир“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MILAN STANKOVIC (@milanstankovic)

Милан Станковиќ веќе со месеци води кампања на социјалните мрежи против вакцинацијата и пандемијата на коронавирус, тврдејќи дека целата приказна е теорија на заговор и дека вирусот не постои, поради што јавноста повеќепати го осуди.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кој има тетоважа нема да игра за кинеската репрезентација

Следно

Што да му подготвите за јадење на вашето домашно милениче за Нова Година?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian