Скандалозно: Врие фотографии од голи малолетни девојчиња во групата „Јавна Соба“

2 mins read

Врие од експлицитни и интимни фотографии на млади и средовечни жени во новоотворената група на Телеграм „Јавна Соба”, од кои некои изгледаат и како да се од малолетнички. Се споделуваат телефонски броеви и тарифници за наводна наплата на сексуални услуги од девојките и жените, се објавуваат нивните лични податоци, локација на живеење, сегашни сопрузи, фејсбук-профили и инстаграм-сметки. Откако групата беше формирана вчера, таа до денеска има 350 членови.

Од Основното јавно обвинителство Скопје за „Слободен печат“ велат дека денеска им пристигнало известување од МВР во врска со функционирањето на новата група на социјалната мрежа. Предметот веднаш е распореден кај јавен обвинител, кој ќе преземе дејствија за утврдување на фактите. Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело, Обвинителството ќе постапи согласно своите законски надлежности, велат оттаму. Ако се земе предвид искуството со претходните два наврати во кои беше отворана оваа група на Телеграм, самата апликација за чет не покажа иницијативност ниту да ја затвори, ниту да ја забрани. Едноставно, огромната политика на заштита на овие групи на апликацијата Телеграм, е она кое што ги примамува корисниците на овие вулгарни содржини да креираат нови и нови групи.

Што се однесува до претходните предмети поврзани со групата „Јавна Соба 1“, беше поднесено обвинение против две лица за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија предвидено во член 193 а став 3 во врска со став 1 од КЗ. Судскиот процес е во тек.

Предметот познат во јавноста како „Јавна соба 2“, е во фаза на предистражна постапка. ОЈО Скопје преку МВР на 27 јануари годинава се обрати до меѓународниот провајдер на услуги Телеграм за да ги добие реланите податоци за корисничките профили на креаторите, администраторите и членовите на групата. До овој момент од Телеграм не е добиен одговор на ваквото барање. Овие податоци се неопходни за да се утврди идентитетот и обвинителството да може кривично правно да постапува против лицата инволвирани во оваа група. Од тие причини ОЈО ги искористило и механизмите на меѓународна правна помош за да ги побара неопходните податоци. До овој момент не е пристигнат одговор на ова барање.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Новогодишна прослава во Њујорк и покрај рекордниот број заразени

Следно

Кој има тетоважа, нема да игра за кинеската репрезентација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian