Сè што не сте знаеле за салатата без којашто не може да помине ниту една новогодишна трпеза

3 mins read

Кога готвачот Лусиен Оливие во 1860 година ја направил првата руска салата, не ни сонувал дека ќе прерасне во омилено јадење ширум целиот свет.

Салатата не ја заобиколи ниту нашата држава.

Лусиен Оливие во тоа време работел како шеф на кујната во ресторанот „Ермитаж“ во Москва, кадешто и ја направил фамозната и светски познатата руска салата. А бидејќи токму првата таква салата е направена во Москва, таа го добива името руска, иако ја нарекуваат и Оливие салата, или француска.

Но, првата верзија од оваа салата значајно се разликува од денешната. Оливие тогаш помешал телешки јазик, зелена салата, кавијар, парчиња јастог и копар, тврдо варени јајца и зрна соја.

Фото: Профимедиа

Нејзината посебна состојка било исклучително квалитетно маслиново масло. А токму тоа посебно масло од Прованс, со вински оцет и сенф, го послужувал како прелив за салата, а денес претставува дресинг мајонез.

Но еден од колегите на Оливије набрзо успеал да му го украде рецептот, после што го споделил со остатокот од светот. А со тоа, руската салата повеќе не била тајна.

Салатата станувала сè повеќе популарна, но доживеала и бројни промени. Всушност, единственото нешто што денес останало според принципот на Лусиен е – „Измешајте еден куп состојки!“

Всушност, првобитната салата и морала да претрпи промени како би станала пристапна и за широките народни маси. А бранот на популарноста на фамозната руска салата се ширел и во Италија, Франција, Хрватска, но и Македонија.

Во нашата држава е особено популарна верзијата во која што се става варен морков и компир, шунка, кашкавал, кисели краставички, мајонез, некои во оваа комбинација додаваат и тврдо варени јајца, а ако додадете и грашок, тоа веднаш прераснува во француска салата.

Фото: Профимедиа

Трикови за подобар вкус

Наместо пилешко месо или шунка, за подготовка на руската салата може да употребите и чадено мисиркино месо. Богатството на вкусот може посебно да се истакне ако се употреби и чадена шунка.

Посна верзија

Месото заменете го со сардина или парчиња туна. Ако се одлучите за туна, со неа може да измешате и парчиња ослиќ. За прелив користете посен мајонез, сенф и маслиново масло. Ако сакате да постигнете уште поинтензивен вкус, тогаш на салатата додадете ѝ и бибер.

Здрава верзија

Мајонезот заменете го со јогурт. Препораката на искусните готвачи е тоа да биде оној со повисок процент на масленост, којшто на компирот ќе му даде побогат вкус. Добра замена е и помасната павлака, а наместо јајца, употребете чиа семе, советуваат нутриционистите.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хрватска без Карачиќ на ЕП

Следно

ВИДЕО | Британската кралска гарда „гази“ сѐ пред себе, а не ги сопре ни ова дете

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian