Сè повеќе деца во САД поради омикрон завршуваат во болница

1 min read

Илјадници деца во САД завршија во болница поради омикронот, па експертите стравуваат дека голем број невакцинирани Американци помлади од 18 години ќе го предизвикаат новиот бран на пандемијата.

Просечниот дневен број на хоспитализирани деца од 21 до 27 декември се зголеми за повеќе од 58 отсто на национално ниво, на 334, споредено со 19 отсто за сите возрасни групи, според Центрите за контрола и превенција на болести на САД. Помалку од 25 проценти од 74 милиони Американци на возраст под 18 години се вакцинирани против коронавирусот, соопштија од ЦДЦ, пренесува Ју-Ес-Еј Тудеј.

Училиштата ќе бидат отворени следната недела по зимскиот распуст, па се очекува зголемување на бројот на заразени.

„Гледаме дека бројките растат, гледаме повеќе хоспитализирани деца“

Лекарите велат дека е премногу рано да се каже дали омикрон предизвикува потешка болест кај децата од другите варијанти на коронавирусот, но тој е многу заразен, што е клучен фактор што придонесува за зголемување на хоспитализацијата.

„Ќе зарази повеќе луѓе и тоа е она што се случува. Гледаме дека расте бројот, гледаме повеќе хоспитализирани деца“, рече Џенифер Најак, педијатар и специјалист за заразни болести од Медицинскиот центар на Универзитетот Рочестер, предупредувајќи дека децата под пет години не се вакцинирани.

Дури и во Њујорк, кој има една од највисоките стапки на вакцинација во земјата, само 40 отсто од децата на возраст од пет до 17 години се целосно вакцинирани, во споредба со повеќе од 80 отсто од возрасните.

САД не одобриле никакви вакцини за деца под пет години.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Герасимовски: Сто прочистувачи за воздух за сите занимални во сите градинки во Центар

Следно

Изетбеговиќ: Додик прави се за БиХ да пропадне

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian