Прв случај на „флурона“ во Израел: Родилка истовремено се инфицирала со грип и со коронавирус

1 min read

Израел го регистрираше својот прв случај на таканаречената „флурона“ – истовремена инфекција со вирусот којшто предизвикува грип и со коронавирусот, објави израелскиот медиум „Ynetnews“.

Двојната инфекција првпат била воочена кај жена којашто се породила оваа недела во медицинскиот центар во Петах Тиква.

Според болницата, младата мајка, која не била вакцинирана против некој од овие вируси, се чувствува добро и се очекува да биде отпуштена од болница. Таа имала релативно благи симптоми, а останува да се утврди дали комбинацијата на двата вируси може да предизвика посериозно заболување.

Здравствените власти сметаат дека такви случаи имало и кај други пациенти, но тоа не го знаеле бидејќи не им била констатирана болеста.

– Минатата година немавме случаи на грип кај трудници и мајки. Денеска гледаме случаи на истовремена инфекција со коронавирусот и грипот. Имаме сѐ повеќе трудници кои се заболени од грип. Дефинитивно е голем предизвик кога ќе дојде да се породи жена со температура, а не знаеш дали е коронавирус или грип, вели проф. Арнон Вижницер, специјалист по акушерство и гинекологија и директор на одделот за гинекологија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кои се најчестите причини за опаѓање на косата?

Следно

Камчев е во „Систина“ наместо во Шутка, Апелација утре може и него да го ослободи од притвор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian