Проблеми за Реал, четворица фудбалери позитивни на корона

1 min read

Лидерот во Ла Лига, Реал Мадрид објави дека четворица фудбалери се позитивни на коронавирус. „Кралевите“ соопштија дека во изолација се испратени Тибо Куртоа, Федерико Валверде, Едуардо Камавинга и Винисиус Жуниор со што се зголеми бројот на заразени фудбалери на шест.

Минатата недела, Реал Мадрид соопшти дека позитивни на ковид-19 се Иско и Давид Алаба.
Овие фудбалери сигурно нема да бидат во комбинација за настап на следниот натпревар на Реал Мадрид кога на 2 јануари идната година ќе му гостува на Хетафе.

Освен Реал Мадрид, големи проблеми со позитивни на коронавирус има и Барселона. Каталонскиот тим вчера соопшти дека позитивни се Осман Дембеле, Самуел Умтити и Гави, а неодамна беа заразени и Клемен Ленгле, Дани Алвеш, Жорди Алба и Алехандро Балде.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Вистинско време за подарување – УТМС мотивира и инспирира компании да бидат општествено одговорни

Следно

Зголемен број на заболени и на смртни случаи во Бугарија од Ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian