Освои две титули во ЛШ со Реал Мадрид, а сега е риболовец

1 min read

Поранешниот португалски репрезентативец Фабио Коентрао (33) кој со Реал Мадрид два пати триумфираше во Лигата на шампионите, на 33 години замина во пензија и му се посвети на риболовот.

Тој вели дека риболовот е неговата најголема љубов по фудбалот и немал дилеми што ќе прави по завршување на кариерата и враќањето во татковината.

– Луѓето кои го сакаат морето и кои сакаат да доживеат нови искуства, треба да ги следат своите соништа. Ова е работа за новите генерации. Животот на море не е срам и понижување како што мислат многумина. Тоа е работа како и секоја друга. И не е само тоа, морето е убаво. Некои луѓе мора да бидат риболовци и тие мора да се почитуваат како и луѓето од другите професии – изјави Коентра за „Empower Brand Channel“.

Фабио Коентрао, кариерата ја започна во Рио Аве за во 2007 година да се пресели во Бенфија. По четири години, прави трансфер во Реал Мадрид за сума од 30 милиони евра и со „кралскиот клуб“ освои две титули во ЛШ и две во Ла Лига, додека со Бенфика и со Спортинг за кого играше во 2017/18 освои по една титула во португалскиот шампионат.

Кариерата ја заврши летово и тоа играч на Рио Аве, клубот во кој го одигра првиот професионален натпревар. За репрезентацијаа на Португалија одигра 52 натпревари и постигна пет гола.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Костадинов: Енергетската криза донесе лекции кои мора да ги научиме

Следно

Денес ги празнуваме Светиот маченик Севастијан и другите со него

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian