Намален бројот на работници во индустријата за 3,6 проценти во ноември

1 min read

Индексот на бројот на работниците во индустријата во ноември 2021 година, во однос на ноември минатата година, изнесува 96,4, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, бележи опаѓање од 6,4 проценти. Податоците покажуваат дека секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 3,5 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пад од 1,8 проценти.

– Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3.2 отсто, Капитални производи за 0.4 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.9 отсто, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.1 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.6 отсто.

Податоците на ДЗС покажуваат дека индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари до ноември 2021 година, во однос на периодот јануари доДЗС ноември 2020 година, изнесува 97.7.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бесплатни менструални производи за ученичките од скопските училишта

Следно

Најплатениот спортист во 2021 година нема ниту една победа

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian