МЗ: Не е сигурно дека пациентот од Струга е заразен со сојот омикрон

1 min read

Министерството за здравство ја информира јавноста дека досега со секвенционирање на вирусот SarsCoV2 детектиран е сојот омикрон само кај еден пациент кој во државата пред извесно време се вратил од Велика Британија.

Соопштението од Министерството доаѓа откако епидемиологот од Центарот за јавно здравје во Струга, Јованка Струлакова–Коровешоска, денеска изјави дека во овој град е потврден уште еден случај на пациент заразен со новиот сој на коронавирусот.

„Утврдување на присуство на сој на вирусот SarsCov2 се врши единствено и исклучиво со секвенционирање, ПЦР тестирањето, односно детектирање на S-gene dropout може да биде само индикација, но не и потврда дека пациент е заразен со сојот омикрон на Ковид 19. Досега на ПЦР тестови кај тројца пациенти позитивни на Ковид 19, детектиран е S-gene dropout, но нема извршено секвенционирање, односно нема потврда дека се заразени со омикрон. Тестирањата им се направени во приватна болница, а станува збор за пациенти од Прилеп, Велес и Струга. На пациентите им е направена епидемиолошка анкета и согласно протоколите ставени се во изолација лица со кои биле во контакт. Министерството за здравство апелира од воздржување и давање паушални изјави и непроверени информации кои ги доведуваат граѓаните во заблуда и шират паника меѓу населението“, велат од МЗ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Староновогодишна торта со ореви: Се правела во секоја куќа во поранешна Југославија, но денес ѝ нема рамна!

Следно

Ирвинг се наоѓа пред враќање на терените: Деновите споро ми поминуваа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian