Крах на преговорите со Барселона, Дембеле се сели во Премиер лигата

1 min read

Откако го реализира трансферот на Феран Торес од Манчестер сити, Барселона целосно се фокусира на продолжување на договорот со Осман Дембече, но се поизвесно е дека преговорите ќе пропаднат.

Според весникот „Ас“ главна пречка во преговорите е разликата од тоа што го нуди Барселона  и тоа што го бара Дембеле. Челниците на каталонскиот тим му понудија на Французинот годишна плата од седум милиони евра плус бонуси, што е речиси двојно помалку од тоа што го заработува со актуелниот договор (13 милиони евра).

Таа понуда ги разочара Дембеле  и неговите агенти кои веќе гледаат кон Премиер лигата. Најзагреан за францускиот репрезентативец е Њукасл кој може да му понуди и поголема плата од таа што ја има во Барселона.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Д-р Даниловски: Сите ќе го прележиме вирусот, а за шест месеци тој ќе биде „питомо маче“

Следно

ВИДЕО | Готвиме со Маја: Павлови лижавчиња и марципан торта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian