Кој тип на автофагија е најефективен?

2 mins read

Автофагијата, диета која значи воопшто да не се јаде одреден временски период, може да доведе до губење на тежината, намалување на индексот на телесна маса, пад на „лошиот“ холестерол, намален крвен притисок, покажаа резултатите од повеќе од 130 клинички испитувања.

Повеќето од овие студии, сепак, беа временски ограничени, така што ефектот на автофагијата со текот на времето останува непознат, односно на кој начин таа го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и поврзани смртни случаи.

Интересно е тоа што тие студии кои траеле подолго покажале дека по шест месеци користење на автофагија, луѓето престануваат да губат килограми или затоа што телото се навикнува на новата диета или затоа што повеќе не се придржуваат до диетата.

За придобивките од автофагијата зборуваа многу познати личности, како Кејт Мос и Џенифер Анистон, кои објаснија дека имаат „прозорец од осум часа“ во кој јадат, а во текот на остатокот од денот не земаат храна.

Сепак, научниците покажаа дека овој тип на автофагија е помалку „успешен“ во споредба со другите.

Имено, најуспешни типови на автофагија, кога ќе се земе предвид слабеењето, се оние кои значат дека човек еден ден не внесува повеќе од 600 калории, а следниот ден се храни нормално. Подеднакво успешна е диетата 5:2, во која во двата дена се внесуваат многу малку калории, додека во преостанатите пет јадете нормално.

Сепак, овие типови на автофагија тешко се следат и многу луѓе се откажуваат. Од друга страна, воздржувањето од храна во одреден период од денот е многу полесно да се направи долгорочно.

Научниците исто така заклучиле дека засега нема докази дека автофагијата може да биде штетна, но истакнуваат дека овој тип на исхрана може да биде опасен за луѓето кои имаат дијабетес. Исто така, трудниците и младите во периодот на развој не треба да користат автофагија.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 30 декември: Зрачите со харизма и самодоверба на кои никој не може да им одолее

Следно

Грајмс очекува уште едно дете, Маск е таткото?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian